Оливија, „манекенката“ со големи облини, се разголи и „ќе ви одржи лекција“ за самодоверба во розеви бикини
Оливија, позната како OliviasWorld95 на нејзините неверојатни 390.000 следбеници на „Инстаграм“, отсекогаш сакала да промовира позитивна енергија на телото. Таа е вистински шампион за самољубие, редовно споделувајќи содржини на својот профил.

27-годишната инфлуенсерка неодамна сподели неколку снимки кои ја покажаа нејзината фигура во раскошен триделен сет на бикини.


Таа никогаш не избегнува да ја покажува својата природна убавина и самоуверено се фали со своите облини и стрии. Претходно, Оливија ги повика „дебелите девојки“ да ги покажат своите облини ова лето. Таа вети дека ќе ги разголи своите бутови и стомак со тоа што ќе се пофали со својата форма и ќе се гордее. Што ќе кажете вие за изгледот на Оливија?

Коментирај анонимно