Она кога имаш афера со колешката од работа, а Coldplay те фаќа на дело пред 60.000 луѓе
Интернетот врие од драмата што ја предизвика kiss cam за време на концертот на Coldplay во Бостон. Главните ликови? Енди Бајрон, извршен директор на технолошката компанија „Астрономер“, и Кристин Кабот, директорка на човечки ресурси — двајцата фатени во прегратка на големо платно, пред илјадници фанови.
И токму Крис Мартин, фронтменот на бендот, ја кажа реченицата што одекна низ светот како бомба:
„Или имаат афера, или се многу срамежливи.“
Опа. Ама баш опа.
На видеото, кое за кратко стана вирално, се гледа како Бајрон се обидува нервозно да се насмее, додека Кабот си го покрива лицето. Очигледно не им беше баш до забава — особено откако луѓето набрзо сфатија дека двајцата се дел од истата фирма… и дека и двајцата се — женети.
Колатерална штета: профилите на Линкедин се избришани, гневни коментари ја преплавија сопругата на Бајрон, а вработените во „Астрономер“ си поставуваат реални прашања – дали ова е фирма што навистина ги следи етичките правила, или се води по… срцето?

Коментирај анонимно