Она што го прави оваа девојка со нејзиното лице ги збунува нашите умови

Линијата помеѓу илузијата и реалноста може да биде нејасна. Шминкерката Даин Јун се игра со оваа граница и го користи лицето како платно за импресивни оптички илузии кои можат да ви го збунат умот.

„Причината поради која започнав да сликам илузии е тоа што верувам дека луѓето живеат во илузии. Луѓето сфаќаат сè на свој субјективен начин. Моите илузии ја нарушуваат реалноста и перцепцијата што обично ги споделуваат повеќето луѓе. Мислам дека нешто што се чини малку поразлично од неговата оригинална форма може да биде илузија или да ве извади од илузијата во која живеете.“, вели уметницата.