„Оние кои велат дека Кристијано Роналдо е подобар од Лионел Меси, не знаат ништо за фудбалот“, вели Марко ван Бастен

Поранешниот селектор на Холандија, Марко ван Бастен, инсистираше на тоа дека секој што мисли дека Кристијано Роналдо е подобар од Лионел Меси, не знае ништо за фудбалот. Но легендата на Холандија, исто така, смета дека суперѕвездата на Аргентина не е меѓу тројцата најдобри играчи на сите времиња.

Напаѓачот на ПСЖ , Меси и ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Роналдо, со години се споредуваат во дебатата за тоа кој е најдобар играч на светот, додека се судрија во нивните блескави кариери. Двајцата е речиси невозможно да се поделат кога се во прашање головите, почестите и асистенциите, но Ван Бастен цврсто го кажа своето мислење за тековната дебата.

„Кристијано е одличен играч, но оние кои велат дека е подобар од Меси не знаат ништо за фудбалот, или тоа го кажуваат со лоша намера. Меси е единствен. Невозможно е да се имитира и невозможно да се повтори. Играч како него доаѓа на секои 50 или 100 години.“, изјави 57-годишниот играч за „Corriere dello Sport“ .

Тој сепак инсистирање дека и покрај неговиот талент, Меси не е ниту во првите тројца играчи на сите времиња.

„Пеле, Марадона и Кројф за мене се тројцата најголеми играчи во историјата“, изјави Ван Бастен.

„Како мал сакав да бидам како Кројф. Тој ми беше пријател. Ми недостасува. Неверојатни беа и Пеле и Марадона. Меси е исто така одличен играч, но Марадона секогаш имал повеќе личност во тимот. Меси не е тој што се става себеси на фронтот за да оди во војна“.