Онкогол открива: 5 навидум безопасни навики што може да предизвикаат рак
Д-р Микаел Секерес, водечки онколог од Флорида, открива пет навидум безопасни секојдневни навики кои може да го зголемат ризикот од развој на рак — особено кај млади луѓе, каде бројот на случаи драматично расте.
Содржина:
1. Жешки пијалаци (чај, кафе)
Според студии, пијалаци над 60°C можат со текот на времето да предизвикаат оштетување на клетките во хранопроводот и да го зголемат ризикот од рак.
„Подобро избегнувајте премногу топли пијалаци, но уште поважно — не пушете и не пијте алкохол,“ вели д-р Секерес.’
2. Месо приготвено на скара
Печењето на месо на висока температура создава хемикалии што можат да предизвикаат воспаленија и мутации во ДНК.
„Јас јадам скара максимум еднаш месечно. Помалку скара е подобро,“ предупредува тој.
3. Фарбање и хемиско исправување на коса
Производите содржат формалдехид и фталати — токсични хемикалии поврзани со хормонално чувствителни ракови, како рак на дојка и матка.
„Прегледајте ги состојките пред да ги користите — особено ако содржат формалдехид,“ советува докторот.
4. Тетоважи
Истражувања покажуваат дека мастилото може да содржи тешки метали и синтетички хемикалии што се акумулираат во лимфните жлезди и можат да предизвикаат хронични воспаленија.
„Иако ризикот е мал, можната врска со лимфом заслужува внимание,“ вели д-р Секерес.
5. Наргиле
Иако често се смета за побезбедна алтернатива, еден час пушење наргиле е еднаков на вдишување на чад од 100 до 200 цигари.
„Изложеноста на катран, CO и канцерогени е дури поголема отколку со цигари,“ предупредува докторот.
Д-р Секерес нагласува дека иако овие фактори не се толку докажани како алкохолот или пушењето, сепак не се наивни.
„Станува збор за информираност и балансирање на ризиците. Малите навики имаат големо значење на долг рок.“
Коментирај анонимно