Опасен предатор демне во надојдената вода
Застрашувачка слика покажува алигатори во зоолошката градина во Нов Јужен Велс, Австралија опасно близу да испливаат надвор од своите живеалишта поради надојдените води.
Фотографијата споделена од зоолошката градина во Хантер Доли покажува како еден алигатор во преден план навидум чека вода да се издигне над оградата додека остатокот од живеалиштето се претвора во езеро.
Сликата предизвика повеќе од 800 коментари од луѓе од кои многумина велат дека се надеваат дека водата нема да се крева повеќе и влекачите да можат да излезат.
„Кратко пливање има до нас откако ќе помине вода преку таа ограда“, рече еден нервозен локален жител.
„Нема да дозволам нозете да ми висат од кревет дур спијам, во случај алигатор да не ми доплива дома“, рече друго лице.

„Подобро проверете ги сите ваши патишта и одводи“, додаде трето.
Зоолошката градина во Хантер ги уверува луѓето дека сите нивни животни, вклучувајќи ги и нивните меркати, лавови и мајмуни, биле безбедно изнесени и заштитени од надојдената вода.
Објектот, кој се наоѓа во близина на Цеснок северно од Сиднеј, Австралија во Вторникот наутро соопшти дека нема да бидат отворени барем до Четврток затоа што пристапните патишта до зоолошката градина се под вода.
„За жал, со голем обем на вода што сè уште тече низ зоолошката градина и патиштата се` уште опасни и поплавени, ќе бидеме повторно затворени денес и утре“.
„Сите наши прекрасни животни се згрижени исклучително добро од нашиот посветен персонал и се колку што можат побезбедни и топли“.

Околу 18.000 жители на Нов Јужен Велс веќе се евакуирани од своите домови за да избегаат од надојдената вода, бидејќи премиерот признава дека условите ќе се влошат и последиците ќе траат со недели.
Други 15.000 жители се во исчекување, откако беа предупредени дека мораат да бидат подготвени да заминат во Вторник.
На луѓето северозападно од Сиднеј им е наредено да ги евакуираат домовите во услови на немилосрден дожд, бидејќи огромна количина на вода се влева во сливовите, предизвикувајќи излевање на реките и кршење на нивните брегови.

Големи поплави се случуваат покрај реката Коло во областа Хоксбери и Државната служба за вонредни.
Комесарот на СЕС Карлин Јорк изјави дека луѓето во спротивно би биле заробени од надојдените води.
