Опасни затвореници успеаа да избегаат од еден од „најбезбедните“ затвори во светот

Во затворот Гилбоа во северен Израел, познат како „Трезор“, избегаа шестмина палестински затвореници.

Сите затвореници ја делеле ќелијата во затворот, еден од нив бил лидер од висок профил во палестинските бригади на Ал Акса, а останатите пет биле членови на Исламскиот џихад.

Шестмина палестински затвореници побегнале од затворот во Израел во понеделникот, по што започнала масовна потрага, соопштија израелските власти.

Екстремно реткиот инцидент се случил во текот на ноќта во затворот Гилбоа, затвор со голема безбедност за палестински затвореници во северен Израел, се вели во соопштението на полицијата.

Се вели дека затворениците избегале од нивната ќелија додека чуварот спиел во караулата. Бегалците сега ги бараат полицајци, војници и агенти од Шин Бет, моќна агенција за внатрешна безбедност во Израел, со помош на кучиња трагачи.

Инцидентот затворските службеници го опишуваат како најголемо бегство во последните 23 години.

Истрагата за бегството откри дека осудениците избегале околу 3.30 часот по полноќ, откако еден од чуварите кој набљудувал од караулата, заспал.

Шестмината затвореници влегле во бањата на нивната ќелија околу 1.30 часот по полноќ,  пред да подигнат предмет што  покривал дупка во земјата и да скокнат надолу во тунел. Излезот од тунелот се наоѓал неколку метри подалеку од ѕидот на затворот и директно под стражарската кула на заспаниот чувар.

90 палестински затвореници од вкупно 360 затвореници во Гилбоа оттогаш се евакуирани од израелските затворски власти. Затворот, некогаш претставуван како еден од најсигурните објекти во Израел, сега ќе биде подложен на темелна инспекција во случај да има други тунели во близина.

Се вели дека тунелот на шестмината бегалци што се користел за да излезат од затворот е успешно направен поради грешка во структурниот дизајн на затворот.

Се верува дека затворениците потоа ги собрале со автомобил и дека користеле мобилен телефон за да го координираат бегството.

Според извештаите на локалните медиуми, четворица од шестемина бегалци отслужувале повеќекратни доживотни казни. Поранешниот лидер на партијата Фатах, Закарија Зубеиди, на возраст од 46 години, е меѓу шестемина кои избегаа. Останатите петмина се членови на Палестинскиот исламски џихад, именувани како Монадел Јакуб Нафеат, на возраст од 26 години, Јакуб Касем, Јакуб Махмуд Кадри, на возраст од 49 години, Ајам Најеф Камамџи, на возраст од 35 години и Махмуд Абдула Ардах, на 46 години.

Во времето на пишување, бегалците се` уште се на слобода. Се очекуваше дека тие ќе се упатат каде што се сместени нивните семејства во градот Џенин, каде што, наводно, палестинската власт има мала контрола.

 

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.