„Опасниот“ крадец треба малку да поработи на камуфлажата

Очигледно е дека на овој крадец му требаат пари бидејќи нема ниту за маска. Тој ограбил бензинска пумпа во Мисури, а фразата „очајни времиња бараат очајни мерки“ веднаш ни доаѓа на ум. Како маска крадецот користел ни помалку ни повеќе туку својата долна облека.

Секако маската не му била толку ефективна па по 2 дена полицијата го уапсила 26-годишниот Шон Мекормик. Полицијата првин ги објавила фотографиите од осомничениот за луѓето да го идентификуваат, ама најголемиот дел од нив биле преокупирани со маската на крадецот.

Шон е обвинет за вооружен грабеж, но тоа не е толку „страшно“ доколку гаќите кои ги носел не биле чисти.