Опасно по живот: Интернет грешка поради која туристите ризикуваат со рута во еден правец

Шкотската планинарска организација ги предупредува планинарите и љубителите на природата да не веруваат во сè што ќе видат на „Гугл мапс“, односно да ја проверат рутата пред да се осмелат да истражат планински врвови и патеки.

Фондот „John Muir“ наведува дека се поголем број луѓе кои ги користат „Гугл мапс“ за да се движат по Бен Невис (највисоката планина во Велика Британија во централна Шкотска), ризикуваат многу опасна рута што создава проблеми дури и за искусни алпинисти.

Бен Невис е популарна туристичка дестинација која годишно ја посетуваат повеќе од 100.000 планинари и екскурзионисти, а најквалификуваните го достигнуваат врвот до надморска височина од 1345 метри. Но, пријавени се и голем број несреќи, како и несреќи со смртни последици.

„Проблемот е што„ Гугл мапс“ги насочува посетителите на Горните водопади, веројатно затоа што е најблиску до врвот“, пренесува Си-Ен-Ен. Но, оваа рута не е точна, па затоа не е невообичаено неискусните пешаци да се упатат кон водопадите Стил или по јужните падини на Бен Невис, верувајќи дека тоа е патот до врвот. Шкотските планинари предупредуваат дека патеката е опасна и потенцијално фатална затоа што минува низ многу стрмен, карпест и баровит терен што претставува предизвик дури и кога видливоста е добра, а камоли во дождливите денови.

Нејтан Бери од Муир фондот додава дека ова не е единствената грешка што може да се најде на „Гугл мапс“ – „Понудената рута на „An Teallach“ ги носи луѓето преку работ накарпа“, предупредува тој, додавајќи дека не сите информации на Интернет се точни и ажурирани.