„Операцијата на носот ми го уништи животот“ – 36 годишна жена предупредува последиците од пластичната хирургија за кои ретко кој зборува
36-годишната Венди Масиас од Лос Анџелес се обиде да ги победи детските комплекси и одлучи да ја промени формата на носот. Наместо очекуваната среќа, операцијата ја вовела во голема депресија и сожалување, и сега храбро зборува за последиците со цел да ги предупреди другите жени што размислуваат за ваква промена.

Венди била мета на навреди уште од пет години, кога браќата ја нарекувале „Наризона“ ( девојка со голем нос). Со години се борела со несигурноста за својот изглед и на крајот решила да направи ринопластика во Тихуана, Мексико, за сума од околу 6.640 долари (околу 6.100 евра). Но, новиот, подигнат нос не ѝ се допаднал веднаш штом го видела резултатот на фотографија направена од хирургот.

денови – болка, оток, модринки, проблеми со јадење и спиење. Нејзиното лице ѝ било чудно, а огледалото ја плашело. Најтешко ѝ било психички: ѝ недостигала „старата Венди“ и паднала во длабока постоперативна депресија. „Плачев цела недела, се чувствував грдо и како да сум се уништила,“ вели таа. Емоционалната болка ги надминала физичките последици.
н 
Денес, Венди тешко се гледа во огледало и чувствува вина што се придружила на „стандардите на општеството“. Таа објаснува дека не ни била предупредена на можните психички последици, ниту дека може да развие постоперативна депресија. Венди убедливо истакнува: операцијата не e само козметичка – тоа е огромен ментален товар кој може да ве оддалечи од себеси.

Венди денес ја носи својата приказна како лекција за прошка кон себе. Таа ги советува сите што размислуваат за пластична хирургија: „Не брзајте, зборувајте со блиските, не верувајте само на социјалните мрежи и добро информирајте се за докторот и ризиците“. Нејзиното искуство е силно предупредување дека телесните промени можат да имаат трајни и неочекувано длабоки емотивни последици.




Коментирај анонимно