Операта на Барселона повторно се отвора со концерт за повеќе од 2.000 растенија

Опера во Барселона повторно се отвори по ограничувањата поради коронавирусот, а тоа го одбележа така што беше домаќин на концерт за повеќе од 2.000 растенија.

Невообичаениот настан се случи во „Gran Teatre del Liceu“ еден ден по завршувањето на тримесечната вонредна состојба во Шпанија.

Квартетот Уцели излезе на сцената подготвен да ја наполни оперската сала со хармонични звуци, но бидејќи големите собири сѐ уште претставуваат ризик, театарот одлучи да ги наполни своите 2929 места со саксиско цвеќе. Концептуалниот уметник Евгенио Ампудија дошол до идејата, објаснувајќи дека инспирацијата потекнува од врската што ја изградил со природата за време на пандемијата.

Во изјавата на веб-страницата на оперската сала се вели дека растенијата доаѓаат од локалните расадници, а по концертот се предвидени да бидат донирани, заедно со потврда од уметникот, на 2.292 лица кои биле на првите борбени линии во здравствените установи.

За среќа прекрасната музика на квартетот не остана неслушната. Целиот настап бил пренесуван во живо и за луѓето.