„Опрај се, во брак сме и имаме 3 деца“ Семејна „драма“ ги насмеа луѓето на Интернет, откако жена одбила да му плати на маж за завршената услуга

Сопственик на компанија за чистење од Англија пријавил дека и фактурирала на една жена 900 долари за 6-часовно чистење на нејзиниот дом – а, таа не сакала да плати.

„Минатата недела имавме многу несреќен инцидент кога клиент одби да плати!“ Марк Хеч, сопственик на „Clean Me Carpet & Upholstery Cleaning“ во Донкастер, Англија, напиша на „Фејсбук“ минатата недела.

 

 

 

„Откако исчистивме голем аголен тросед, теписи со 3 спални соби и камен под, клиентот не извести дека е апсолутно воодушевена од резултатите! Одлична вест или така мислевме!“ продолжи тој. „По барањето за наплата, клиентот ни ја испрати следнава порака“.

 

 

Во текстот се вели: „Здраво Јасмин. Подолу на линкот е сметката за вчерашното чистење. Ве молиме кликнете и одберете го начинот на којшто сакате да платите. Ви благодариме“.

Одговорот од жена му вели: „Опрај се. Во брак сме и имаме 3 деца“.

Хеч (39) го вклучил одговорот од неговата сопруга Јасмин (34) во објавата, која собрала 14.000 лајкови.

„Имаме постојана шега за работи за кои треба да ни се наплатат“, продолжи таткото на три деца. „Ако ги чувам децата, ќе ѝ речам: „Ги чувам децата, каде се моите пари за чување деца ?“

Таткото изјави дека прави длабинско чистење на секои шест месеци и за тоа обично му треба половина ден.

 

  • Филип напиша:

    Абе, цепки !!!!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *