Оптичка илузија што ќе ви го предизвика мозокот до максимум: Каде е вселнскиот брод?
Дали некогаш сте биле збунети од стереограм? Знаете, оние дводимензионални слики кои кријат 3Д сцена или предмет и излегуваат само кога ќе ги погледнете точно. Овие оптички илузии се вистински предизвик за мозокот.
Некои луѓе сметаат дека имаат волшебно око да ја забележат скриената слика набрзина, но за други тоа е исто како да се обидуваат да решат Рубикова коцка со врзани очи. Еден човек на „Редит“ беше апсолутно вознемирен, велејќи: „Никогаш не сум можел да видам нешто во овие работи во 39-те години што ги живеам. Почнав да мислам дека ова е некој вид на заговор или шега што не ја разбирам“.
Тој сподели слика преполна со бои кои ќе ве натераат да гледате до утре и ќе пробате да го најдете вселенскиот брод. Кликнете на сликата подолу за да ја видите на цел екран и видете дали можете да ја забележите.
Еден корисник советуваше: „Јас морав свесно да ги дефокусирам очите. Да ги тргнам далеку од екранот на кратко и да гледам во нешто монохроматско“.
И благодарение на овие тактики, многу луѓе успеаја да ја забележат финтата во илузијата.
za sekunda ja vidov. defokus na ocite samo ako mozete
Voa sa vike stereogram i ne e iluzija, naucete nesto prd da objavite
Muchas gracias. ?Como puedo iniciar sesion?
Коментирај анонимно