Премини на МотикаX

Оптичка илузија што ќе ви го збуни умот: Го гледате ли Исус?

Од парчиња тост до облаци, луѓето тврдат дека го гледаат лицето на Исус на разни места. Но, оваа оптичка илузија можеби е неговото најчудно појавување досега.

На прв поглед, фотографијата изгледа како обична сцена – неколку млади девојки, се смеат и пијат кафе покрај улица. Но, ако замижите и едвај ги подотворите очите, треба да забележите лице што наликува на Исус. Па го гледате?

 

Кој е навистина на сликата?

Некои корисници сметаат дека ликот не е Исус, туку познатиот актер Кијану Ривс. „Во прв момент мислев дека е Кијану!“ напиша еден корисник.

 

Кој е навистина на сликата?

Што е пареидолија?

Оваа илузија е пример за пареидолија – психолошки феномен каде што мозокот препознава обрасци (често лица) во случајни предмети или форми. Тоа е причината зошто понекогаш гледаме лица во облаци или на тост.
Истражувачите откриле дека луѓето со поголема склоност кон пареидолија често се покреативни. Тоа значи дека ако лесно препознавате лица во предмети, вашиот мозок можеби е особено иновативен.

 

  • zarkovski напиша:

    Сликава е стара колку и интернетот, можеби и постара од Кијану Ривс…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *