Орлово гнездо: Планинска колиба на височина од 1650 метри која го има најсовршениот поглед

Планините Ветерштајн во Баварските Алпи со највисокиот врв Цугспице (2962 м.н.в.) се омилено место за љубителите на природата. Едно од омилените засолништа на планинарите во оваа област е колибата Тегернзе, недалеку од Росштајн и Бухштајн, која уште ја нарекуваат и Орлово гнездо.

Колибата служи како основа за бројни тури и пешачки патеки и нуди спектакуларен поглед на околината. Во овој дел на Баварија има и други колиби, но ниту една не се наоѓа на толку убава позиција, каде што се издигнува до 1650 метри.

Tegernseer Hütte нуди храна и сместување за планинари и туристи, а е отворена од вториот викенд во мај до првиот викенд во ноември. Колибата се напојува со соларна енергија и има резервоар за дождовница со модерен систем за дезинфекција. Колибата може да смести 30 луѓе.

Искачувањето од паркингот Баервалд трае околу два часа. Покрај пешачењето, љубителите на природата можат да одат и на езерото Тегернзе, едно од најчистите езера во Баварија.

Температурата на водата се движи од три степени во зима и се загрева до 22 степени Целзиусови во лето. Во текот на јули и август е идеално за пливање. Кристално чистите води на езерото Тегернзе и околниот алпски пејзаж го прават едно од најубавите во Баварија, ако не и во Германија.

Кројт, Бад Висе, Гмунд, Стад Тегернзе и Ротах-Егерн се некои од местата на езерото. Пловењето со брод, параглајдерството, како и уживањето во локални специјалитети се исто така дел од омилените активности на посетителите на овој дел на Баварија.