Осамена бабичка објавила оглас дека сака да биде гостин кај било кој, за Божиќ
Некои од нас ја сфаќаат празничната сезона здраво за готово. За многумина, тоа е време на заедништво – да поминувате време со најблиски, да уживате во друштвото, да јадете зготвена храна и да пиете добро вино. Сепак, не секој има иста привилегија.
Една вечер, Карсон Карлок листала низ Креглист. Таа го пребарувала слободниот дел од листата бидејќи како што вели таму луѓето подарувале работи бесплатно. Но, одеднаш еден необичен оглас ѝ го привлекол вниманието. Неговиот наслов гласел: „Дали на некого му треба баба за Божиќ?“
Во огласот стоело: „Јас немам никој и навистина би сакала да бидам дел од семејство. Готвам и можам да зготвам вечера. Дури и ќе донесам храна и подароци за децата! НЕМАМ НИКОЈ И НАВИСТИНА БОЛИ! Дозволете ми да бидам дел од вашето семејство.“
Последната реченица многу ја погодила Карсон бидејќи нејзината мајка Гејл починала минатата година од рак во четврта фаза и го поминала Божиќ сама.
Луѓе почнале да се шегуваат на нејзина сметка и да оставаат злобни коментари па бабата им се „заблагодарила за дополнителната болка“ и го избришала огласот.
Но Карсон била решена да ја пронајде и на крајот успеала да ја пронајде бабата Кери од Тулса, Оклахома. Таа вели дека Кери е многу мила и дека ја очекува за Божиќ.