Остатоци од дождовна шума стара 90 милиони години се пронајдени под мразот на Антарктикот

Неочекуваното откриетие се верува дека постоело пред 90 милиони години и оваа дождовна шума наликувала на оние кои денес ги има во Нов Зеланд. Се смета дека дождовните шуми биле присутни за време на средно-кредскиот период, кој започнал пред 145 милиони години.

Овој период бил најтоплиот во изминатите 140 милиони години, при што нивото на морето било за 170 метри повисоко отколку што е денес.

Студијата, објавена на почетокот на месецот користеше докази од јадрото на седиментот земен од морското дно во близина на глечерот Пински остров на западниот дел на Антарктикот пред три години во 2017 година. Првиот автор на студијата, д-р Јохан Клагес, геолог во Центарот за поларни и морски истражувања на Институтот Алфред Вегенер во Германија зборуваше за студијата:

„Особено беше интересно да се види добро сочуваниот разновиден фосилен полен и други растителни остатоци во талог што се депонирани пред околу 90 милиони години во близина на Јужниот пол. Бројните остатоци од растенија укажуваат дека брегот на Западен Антарктик, тогаш, бил густа умерена, мочуришна шума, слична на шумите што се наоѓаат во Нов Зеланд денес.“

Тие откриле дека некогаш годишна просечна температура била од околу 12 ° C и летни температури во просек од 19 ° C. Тековната просечна годишна температура за Антарктикот се движи од -10 ° C до -60 ° C на највисоката точка. Истражувачите исто така ги споредија претходните врнежи на Антарктикот како слични на денешниот Велс, додека Антарктикот во денешно време има малку облаци заради сувиот воздух.