Остров Калата – Калиманско езеро – Бисерот на Македонска Каменица
Островот Калата, сместен во средината на Калиманското езеро кај Македонска Каменица, важи за едно од најнеобичните и фотогенични места во источна Македонија. Она што го прави посебен е малата црква на врвот, посветена на Св. Богородица, која како да „плови“ над водата, особено кога нивото на езерото е повисоко. Калиманското езеро е вештачко, создадено во 1970-тите со изградбата на брана на реката Брегалница, а со текот на времето Калата прерасна во вистински симбол на регионот – мирно место каде природата, духовноста и тишината се спојуваат во едно. Но, за жал, реалноста денес не е толку идилична – ѓубрето што се појавува околу езерото е потсетник колку лесно можеме да го уништиме она што го нарекуваме „бисер“. Ова е сликата како го чуваме – или подобро кажано, како не го чуваме доволно.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно