Островот Фи фи на Тајланд повторно си го врати сјајот по еколошката катастрофа

Пред пандемијата, Националниот морски парк Фи Фи, со бели песочни плажи и корални гребени, привлекуваше над 2 милиони посетители годишно. До затворањето, блескавата убавина и холивудската слава на Маја Беј привлекуваше по 6.000 луѓе дневно на неговата тесна плажа од 250 метри.

Масовниот туризам го доведе архипелагот, овековечен во филмот на Леонардо ди Каприо, Плажата, на работ на еколошка катастрофа.

Во 2018 година, тајландските власти го затворија заливот Маја, кој се наоѓа на островот Фи Фи Лех, бидејќи вишокот туризам ги уништи коралните гребени и голем дел од морскиот свет.

Во вториот квартал од годинава во земјава започна бавна деескалација за странските туристи, а од 1 ноември вакцинираните да не се во карантин, туку да исполнуваат низа барања.

Додека патувањето беше во застој и светот беше блокиран, се случи нежно повторно раѓање во блескавите сини води на идиличните острови Фи Фи.

По три и пол години и пандемија, познатата плажа повторно ќе прими туристи на 1 јануари 2022 година.

Штом островот ќе биде отворен, чамците повеќе нема да можат да се закотвуваат во близина на плажата, туку ќе ги оставаат туристите на пристаниште подалеку од заливот. Посетата ќе биде ограничена на еден час и максимум 300 лица по посета.