Островот каде луѓето исчезнуваат без трага – што вели науката за мистеријата на африканскиот остров Енваитенет
Ако мислите дека сè мистериозно во светот е одамна објаснето и документирано – добредојдовте во Кенија. Во езерото Рудолф се наоѓа мал, зелен остров наречен Енваитенет.
На прв поглед – вистински рај: бујна вегетација, смарагдно зелена боја, мирна површина на езерото. Но, островот е познат по нешто сосема друго – луѓето што ќе отидат таму, исчезнуваат без трага.
Дури и името, „Енваитенет“, од локалниот јазик значи „без враќање“. И тоа не симболично – туку буквално. Ониe што стапнале таму, најчесто никогаш не се вратиле.
Содржина:
Зошто ниту мештаните не му се приближуваат?
За локалните племиња Туркана, Ел Моло и Самбуру, островот е нешто како луд сосед од кој сите се плашат. Никој не сака да му се приближи.
Секој нов месечев циклус, според нив, од островот се слушаат чудни звуци – како стенкање и врисоци, од непознати суштества. А оние што сепак останале таму преку ноќ, велат дека имале кошмари со суштества налик на луѓе, но од некој друг свет. Некои ќе се разболеле, ќе се удавеле, други – ќе исчезнеле.
Иако изгледа прекрасно однадвор, островот има злокобна репутација.
Првите исчезнувања
Првата документирана приказна е од 17 век. Семејство од племето Туркана се засолнило на островот, бегајќи од трговци со робови – и исчезнало. Кога и трговците се упатиле таму, и тие исчезнале.
Во 1935 година, двајца британски истражувачи, Мартин Шафлис и Бил Дајсон, заминале на островот. Неколку дена испраќале сигнали дека се добро. И потоа – целосна тишина. Кога спасувачите стигнале до островот, немало никакви траги: ниту тела, ниту борба, ниту знак за бегство. Исчезнаа без трага.
Ел Моло и 30-те исчезнати
Во 1950-тите, неколку семејства од племето Ел Моло се преселиле на островот, барајќи мирно место за живот. Сè било во ред – риболов, градење колиби… сè додека еден ден некои роднини не дошле во посета – и нашле само празни куќи и скапана риба.
30 луѓе исчезнале. Повторно – без трага, без знаци на борба или заминување.
Што вели науката?
Геолозите имаат неколку објаснувања:
Подземни гасови – „тивки убијци“
Островот се наоѓа на вулканска почва, што значи дека под него може да се собираат отровни гасови – како јаглерод диоксид или метан. Овие гасови се невидливи и без мирис, па ако се испуштат од пукнатини во земјата, можат тивко да задушат сè во близина – без никакво предупредување.
Чудни звуци од земјата
Тие страшни звуци што ги слушаат луѓето ноќе, не се духови – туку природна „музика“ на земјата. Кога воздухот минува низ подземни празнини, создава ехо и вибрации што можат да звучат морбидно. Но тие не убиваат – само создаваат чувство на страв и паника, што може да ги натера луѓето да бегаат… и никогаш да не се вратат.
Задушувачка шума
Островот е речиси пуст. Освен змии и повремени птици, други животни нема. Шумата е толку густа што ако некој се изгуби внатре, многу тешко може да се најде патот назад. Во комбинација со слаба видливост, отсуство на животни (што значи нема звуци за ориентација) и можни гасови – човек може лесно да се изгуби и да колабира.
Минерали што ја менуваат средината
Минералите во земјата можат да реагираат со воздухот или водата и да создадат отровни микросредини. Сето тоа го прави островот опасен на ниво што не го гледаме со голо око.
Што е со исчезнувањата?
Езерото Рудолф е вулканска формација. Научниците сметаат дека островот можеби испушта опасни вулкански гасови, како јаглерод диоксид или водород сулфид. Овие гасови можат да предизвикаат:
• Халуцинации
• Дезориентација
• Губење на свест
• Дури и смрт
А ако некој падне во несвест сред шума или на брег – исчезнувањето може да изгледа како вистинска мистерија.
Заклучок
Островот Енваитенет е совршен пример за тоа како природата и човечката имагинација можат да создадат нешто што изгледа како хорор приказна.
Но, дури и зад најмистичните легенди често се крие – наука. Иако не сите исчезнувања се објаснети, науката нуди логични насоки. Но сè додека островот стои, а луѓето продолжуваат да исчезнуваат… мистеријата останува жива.
Суеверие
Големите водни површини се само 5% истражени но старите морепловни карти означуваат острови кои имаат таен влез кон подводни градови стари цивилизации.
Исчезнуваат оние луѓе кои не веруваат во суеверие и факти и си викаат, ај да ојме и малу да прошетаме!
Idealno mesto za osudenite, po site svetski – pa i naši – zatvori
Коментирај анонимно