Осум кученца позираат за сцената од „Раѓањето на Исус“ за да го доловат „духот на Божиќ“

Што е подобро од осум симпатични кученца? Осум симпатични кученца облечени во костими кои позираат за сцената од „Раѓањето на Исус“ секако.

Лоис Пековер (34) од Викфорд, Есекс и нејзината пријателка Клер Кол (36) ги облекоа своите кучиња во крпи, костуми и круни за да ја рекреираат библиската сцена.

Лоис донесе одлука да ги претвори кучињата во бебето Исус, Марија, Јосиф, Ангел Габриел и тројцата (добро, во овој случај четворица) мудреци да шират Божиќно расположение. Шесте пудлици, еден спрингер шпаниел и еден кокапу позираа за камерата во дневната соба на Лоис, која пријателите ја претворија во штала.

Иако за собата им требало 2 часа за да ја уредат, да ги наместат кучињата да позираат им биле потребни само 2 минути. Во една од фотографиите Лоис држи и играчка магаре пред камерата за да го претставува животното кое ги однело Марија и Јосиф во Витлеем.

Жените кои работат како фризерки за кучиња велат дека со оваа фотографија сакале да разбудат позитивни емоции кај луѓето и да ги намсмеат. Тие 6 дена ги изработувале потребните костими за кучињата.