Освен што е згодна, погледнете која е и другата причина поради која оваа манекенка заработува 4000 долари месечно од реклами

Манекенката Ајтана Лопез Фит Ана од Барселона за помалку од шест месеци доби повеќе од 113 илјади следбеници на „Инстаграм“. Нејзината страница заработува 4.000 долари месечно од реклами. Фит Aна е замисла на комуникациската агенција од Барселона „The Clueless“, чии лидери решија да инвестираат во создавање виртуелен модел бидејќи беше поевтин отколку користење на вистински луѓе за маркетинг цели.

Агенцијата се погрижи да го промовира профилот на „Fit Ana“, а тоа брзо доведе до резултати. Некои платформи за вештачка интелигенција се способни да создаваат фотографии од непостоечки луѓе, но повеќето од овие модели не изгледаат како вистински луѓе. Во овој случај, беше одлучено да се додадат брчки, бушава коса, несовршена кожа и слично, што овозможи да се направи Ајтана што е можно повеќе слична на вистинска личност. Ајтана Лопез е само еден од неколкуте виртуелни модели создадени од „The ​​Clueless“. Од агенцијата очекуваат во иднина да се користат уште повеќе непостоечки модели во креирањето на содржина.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *