„Отидов од Британија до Шпанија со авион, само за да купам поефтино пиво таму и се вратив наредниот ден. Погледнете колку ме чинеше оваа „екскурзија“

Еден Британец откри како отишол во Шпанија и купил кутија пиво за помалку од 17 евра – поевтино од цената на кутијата во супермаркет во неговата земја.

Калум Рајан (22) забележал кутија со 12 „Estrella“ пива за 17 евра и се запрашал дали може да добие посончево пивце за помалку пари.

 

 

Така тој резервирал лет од Лондон Станстед до аеродромот во Ибица со „Ryanair“ и неговиот лет чинел само 11 евра.
Откако Калум слетал на Ибица, тој отишол во „Рiта’s Cantina“ и купил половина литар „Estrella“ што го чинело 4 евра.

 

  

 

Калум, креатор на содржина од Милтон Кејнс, вели: „Сакав да покажам како тоа може да се направи.
Тоа исто така покажува дека големото ноќно излегување може да биде убав викенд. Нема ништо како патување низ светот. Немав поим за тоа колку ефтино може да патувате – им го препорачувам тоа на сите“.

Калум останал таму една ноќ и полетал назад на 28 март.

Неговиот хотел чинел 60 евра, а летот назад 11 евра.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *