Откачен натпревар во Канада на замрзнати фризури на -20 степени
Канадскиот натпревар за замрзнати фризури се одржува секоја зима на температури од -20°C, но на учесниците воопшто не им е студено.
Тоа е така затоа што натпреварот се одржува во топлите извори „Eclipse Nordic Hot Springs“ во Јукон, каде што водата е со температура од 42°C.
За натпреварот да биде успешен, мора надворешната температура да падне 20 степени под нулата и забавата може да започне.
Има шест категории: Најдобра женска фризура, Најдобра машка фризура, Најдобра групна фризура, Најдобра фризура на брада, Најкреативна фризура и Награда од публиката.
Победникот од секоја категорија ќе добие парична награда од 2.000 американски долари.




































Коментирај анонимно