Откако го изнајми станот, сопственикот не ни претпоставуваше во каква состојба ќе го најде по 1 месец

Сопственик од Велс, одлучи да го изнајми неговиот стан, бидејќи моментално му беа потребни дополнителни приходи, а со издавањето сметал дека ќе ги реши финансиските проблеми. Но, за жал, истиот не ни претпоставувал што ќе се случи.

Тој брзо и успешно нашол потстанари, кои првично изгледале сосема фино и културно, но по само 1 месец, кога решил да ги посети со цел да ја земе киријата за овој период, потстанарите избегале, а сопственикот не можел да им поверува на сопствените очи во каква состојба го затекнал станот.

Покрај тоа што останал без пари, сопственикот бил принуден да викне и професионален тим за чистење, со цел да го врати изгледот на неговиот стан.