„Откако се откажав од филерите, изгледам помладо – понекогаш сѐ уште ми бараат лична карта кога купувам вино“
40-годишната Џесика Џерард од Лидс, Велика Британија, редовно го изненадува своето опкружување со својот младешки изглед. Како поранешен модел и сега вработена во сајбер безбедност, таа признава дека често ѝ бараат лична карта кога купува вино или електронска цигара, а на ноќни излегувања добива додворувања од мажи и до 15 години помлади.
„Се чувствувам многу помладо од годините“
Најмладиот маж кој ѝ пришол имал само 25 години – нешто што иако ѝ годи, го смета за „малку премладо“. Според неа, тајната на нејзиниот изглед се крие во посветената нега на кожата, редовното вежбање со тегови и откажувањето на козметичките „трикчиња“ како што се полнење усни и солариуми. Џесика вели дека откако престанала со употреба на филери и започнала со употреба на Третиноин крема, нејзината кожа значително се подобрила и изгледа помладо.
„Кога бев помлада мислев дека 40 е многу старо, но денес воопшто не се чувствувам така“, вели таа. Иако повеќе не изгледа како гламурозната девојка од насловните страници, сепак луѓето сè уште не ѝ веруваат кога ќе ја открие својата возраст. Дури и нејзиниот партнер, кој има 33 години, бил изненаден кога дознал дека таа има 40.
„Во минатото бев зависна од филери“
Џесика признава дека во минатото постојано ги зголемувала усните, понекогаш и секој месец, но тоа брзо преминало во зависност. Филерите почнале да мигрираат по лицето, што било знак за неа дека е време да запре. Денес, наместо тоа, вложува во природна нега и редовни третмани за лице, со што се чувствува и изгледа подобро од кога било.
„Парадоксално е, но откако престанав со филерите, изгледам помлада – и тоа ми се допаѓа многу повеќе“, додава таа.
Коментирај анонимно