Откако сфатил дека скапиот велосипед од 1.700 долари е украден решил да го купи и да постапи правилно

Доколку не се чувствувате расположено и сте изгубиле доверба во човештвото оваа приказна ќе внесе малку позитивна енергија во вашиот живот.

Младо момче од Ливерпул неодамна направи хумано дело иако воопшто не бил сигурен дали неговиот труд ќе се исплати.

Момчето со корисничко име @ SteBurke44 на Твитер, даде пример како да се биде пристојно човечко суштество. Откако најде велосипед на продажба, тој брзо сфати дека е украден. Тој знае колку е тешко да се изгуби велосипед особено затоа што според марката станува збор за велосипед кој чини 1.700 долари.

Затоа тој решил да го купи велосипедот од крадецот за „неверојатни“ 104 долари. Сепак наместо да биде „среќен“ што толку скап велосипед си купил толку евтино, тој решил да ја објави приказната на социјалните мрежи и да го пронајде вистинскиот сопственик, за да му го врати.

Набрзо сопственикот на велосипедот му пишал и му раскажал дека освен велосипедот му ја ограбиле куќата и му ги земале кредитните картички и пасошот. Момчето му го вратило велосипедот на несреќниот човек и не му побарало пари за кои го купил истиот. Сепак е среќен што велосипедот е во рацете на сопственикот, кој го имал и клучот од бравата како и купопродажниот договор.

За неверојатниот гест на момчето компанијата која ги произведува велосипедите одлучила да му даде бесплатен нов велосипед за да ја поддржи неговата несебичност и хуманост.