Откако започна пандемијата луѓето му го поставуваат на Google 2450% почесто ова прашање
Секој аспект на општеството се смени – од начинот на кој се социјализираме бидејќи ги напуштаме домовите за основни цели – така што не е изненадување што нашите потсвесни умови почнуваат малку да се збунуваат, а за тоа има и докази. Не сте сами доколку сонувате сосема јасни соништа, толку јасни што наредниот ден се сеќавате на секој детаљ.
Новото истражување, спроведено од агенцијата за дигитален маркетинг AGY47, ги спореди пребарувањата на луѓето со оние спроведени во исто време минатата година, со пребарувања за „Зошто постојано имам чудни соништа?“ Се зголемиле за 200%. Исто така, забележано е зголемување од 190% на корисниците кои прашуваат „Зошто постојано имам лоши соништа?“.
Она што е интересно е што голем дел од соништата кои луѓето ги сонуваат за време на карантинот се слични или според слична шема а Google повторно има доказ за тоа. Прашањето „Зошто го сонувам поранешното момче/девојка?“ е пребарувано 2450% почесто од минатата година. На што се должи ова „масовно сонување“ на поранешни партнери?
Мерилин Девониш, тренер во NeuroSuccess и основач на TranceFormations – организација за тренинг, обука и консултантски услуги – рече дека ова зголемување има врска со моменталниот карантин: „Сонувањето на вашиот бивш би можело метафорички да значи сонување на минатите времиња и тагата за губење на тие времиња. Ако сметате дека сте „напуштени“, ова може да биде околу само-прифаќање, ако не сте згрижени или се чувствувате изоставени и да не сте вклучени. Ако ве доминирале во врската, може да биде потсетник да ја вратите вашата моќ и да го потврдите сопственото чувство за сила.“
Сонот за паѓање е втор најчест сон што луѓето го имаат, со зголемување на пребарувањето за 600% „Што значи кога сонувате дека паѓате?“. Мерилин рече дека ова може да биде затоа што падот е поврзан со „несигурен, презаситен или земање на контролата од рацете“ бидејќи нашите „нормални животи привремено се одземени“.
Паѓање на заби и коса се на трето место со пораст од 400% на пребарувања. Ова може да биде резултат на најразлични работи, објасни Мерилин – нешто од неразбирање на ситуацијата до нешто што доаѓа до ненадеен крај. Дали и вие имате чудни соништа?