Откриен е најмалиот диносаурус досега, 99 милиони години откако бил зачуван во килибар

Научниците открија нешто за што се верува дека е најмалиот диносаурус заглавен во килибар. Неверојатно откритие беше опишано од страна на еден од членовите на тимот како „најчудниот фосил“ на кој досега работеле.

Диносаурусот, кој е опишан како со големина на колибри и се смета дека е стар околу 99 милиони години, беше откриен минатата година во северен Мјанмар, а дури сега е откриен пред јавноста.

Тимот, составен од седум лица, му го даде името Oculudentavis khaungraae. Додека во голема мерка има својства слични на птици, фосилот има очи како гуштерите во форма на лажица.

Обичните птици имаат прстен од коски зад окото па научниците биле шокирани кога откриле дека очите на Oculudentavis khaungraae биле во форма на лажица.

Ваквите примероци се многу ретки и вкупно можат да се издвојат најмногу 7 од целиот свет. Така што навистина е чудо што толку мало животно останало недопрено до денес и фактот дека било зачувано во килибар.