Откриен е огромен оклоп на втората најголема желка што некогаш постоела на светот

Како и природата на еволуцијата, дивиот свет во и надвор од водата радикално се промени во последните неколку милиони години.

Некогаш диносаурусите лутаа низ Земјата, мегалодоните пливаа во океаните, едноставно Земјата која ја знаеме денес некогаш била опасно, разнолико игралиште за праисториски суштества.

Пред околу пет до 10 милиони години, желките и тогаш ги освојувале морињата, но, тие биле прилично поголеми од желките кои ги знаеме денес. Истражувачите открија оклоп кој ѝ припаѓал на „Stupendemys geographicus“ во Венецуела и Колумбија и ова е втората по големина желка што некогаш постоела. Достигнувајќи должина од 3 метри и тежина повеќе од 1 тон.

Сепак поголема од оваа желка е Archelon, која живеела пред 70 милиони години и била скоро 5 метри во должина. „Stupendemys geographicus“ лутала слатководните мочуришта во Јужна Америка. Иако била огромна предаторите не се плашеле од неа, пто докажува и големиот залак оставен на оклопот, најверојатно направен од кајман.

Палеонтологот Роџер Вуд беше првиот кој официјално го опиша видот уште во 1976 година. Додека откритието го покажува огромниот оклоп на овие желки исто така ги покажува и роговите во близина на вратот, кои ги користеле мажјаците за да се заштитат за време на борби, бидејќи женките ги немале.

Како и роговидниот оклоп, истражувачите ја откриле и првата долнат вилица која припаѓа на видот, со Едвин Кадена, автор на студијата, геолог и палеонтолог на универзитет. Кадена објасни дека ова помага да се добие појасна слика за тоа со што се хранеле желките вклучувајќи риби, крокодили, змии и мекотели (тие исто така можеле да уништат семе со своите масивни коски на долната вилица).