Откриен тајниот план на Илон Маск да стане татко на 5.000 деца: Јавен линч во Белата куќа, токсични расправии со неговиот харем на мајки и шокантната причина зошто сака да ја нуди својата сперма наоколу
Со намалени профити на Tesla и се поголем број критики, Илон Маск се соочува со тежок период. Наводно, имал жестоки расправии со членови на Белата куќа, а самиот претседател почнал да го смета за политички товар. Минатата недела, Маск објави дека ќе се повлече од државната функција. Вообичаено, ваквите повлекувања се оправдуваат со желбата за повеќе време со семејството – што за Маск е комплицирано прашање, имајќи најмалку 14 деца со различни жени.
Договори и „легија“ на наследници
Илон Маск, познат по идејата дека интелигентни луѓе треба да имаат повеќе деца за да се спаси човештвото, користи вонтелесно оплодување за да избира пол на децата, преферирајќи момчиња. Тајниот живот на Маск излезе на виделина кога конзервативната писателка Ешли Сент Клер објави дека тајно родила негово дете. Таа го обвини Маск за минимална вклученост и за притисоци со договори за молчење. Маск наводно барал од жени да се приклучат на неговата „легија“ на наследници, купувајќи им куќи и обезбедувајќи финансиска поддршка, но под строги услови на тајност. Овие откритија дополнително ја разнишуваат неговата внимателно изградена јавна слика.
„За да го достигнеме нивото на легијата пред апокалипсата треба да користиме сурогати“, гласи еден негов статус.
Легијата била примарна воена единица во армијата на Антички Рим, кадешто секоја од нив обично се состоела од околу 5.000 војници.
Планот продолжува?
Причината зошто Илон Маск сака да ја „подарува“ својата сперма е неговиот силен страв од опаѓање на светската популација.
Тој верува дека намалувањето на бројот на луѓе, особено на интелигентни луѓе, ќе доведе до колапс на цивилизацијата.
Затоа сака да има што повеќе деца — сам или преку дарување сперма — за, како што вели, да помогне да се „спаси човештвото“ од изумирање. Во неговата логика, што повеќе деца од интелигентни родители (како што самиот се смета себеси), толку подобро за иднината на светот.
Оваа идеја е поврзана со т.н. про-наталистички движења (pronatalism), кои промовираат раѓање на што повеќе деца како начин за спречување демографски кризи.
Дали планот на Маск ќе успее останува да видиме, секако сега за сега тој е на добар пат, иако од 14 до 5000 има многу. Можеби во брза иднина ќе се откријат уште некои „тајни“ мајки на неговите деца, само можеби би требало да побрзаат…
Коментирај анонимно