Откриена е мистеријата за тоа како и зошто ни се брчкаат прстите по подолго време во вода

По објавувањето на статија за тоа зошто прстите ни се набираат кога ќе ги потопиме во вода, младите читатели на серијата Curious Kids на The Conversation поставија дополнителни прашања. Едно од нив беше: „Дали наборите секогаш се појавуваат на ист начин?“ Авторот на статијата, биомедицински инженер Гај Герман од Универзитетот Бингемтон во Њујорк, признава: „Искрено, немав поим! И токму тоа нè поттикна да го истражиме прашањето.“

Герман и неговата колешка Рејчел Лејтин ангажирале тројца волонтери да ги потопат прстите во вода 30 минути. Кога експериментот се повторил по 24 часа, фотографиите покажале дека шемата на брановидни брчки се повторувала — што значи дека овие „дупки“ не се сосема случајни.

 

Откриена е мистеријата за тоа како и зошто ни се брчкаат прстите по подолго време во вода

Научно објаснување

Наборите се појавуваат кога водата навлегува преку отворените пори и ја разредува концентрацијата на сол во надворешниот слој на кожата. Тоа го активира автономниот нервен систем, кој предизвикува стеснување на крвните садови. Како што овие садови се повлекуваат, ја влечат и кожата надолу, создавајќи набрана текстура.

„Крвните садови не се поместуваат многу, така што „брчките“ секогаш се формираат на сличен начин — и тоа го потврдивме,“ објаснува Герман. Но овие брчки не се само козметички ефект: тие ни помагаат подобро да држиме и фаќаме предмети во мокра средина, овозможувајќи ни подобро „прицврстување“.

 

Научно објаснување

Поврзаност со нервниот систем

Интересно е што оваа текстура исчезнува кога прстите ќе се исушат. Причината зошто не ја задржуваме постојано сè уште не е целосно разјаснета, но истражувачите претпоставуваат дека постојаните набори би ја намалиле чувствителноста или би ја направиле кожата поподложна на повреди.
Претходно се сметало дека тие се резултат на отекување, но истражување од 2016 година покажа дека кожата би требало да се зголеми за најмалку 20% за да се создаде таков ефект.

 

Поврзаност со нервниот систем

Дополнително, кај луѓе со оштетување на медијалниот нерв, вакви набабрувања не се појавуваат — уште еден доказ дека механизмот е поврзан со нервниот систем.

Овие сознанија не само што ја задоволуваат детската љубопитност, туку можат да се применат и во форензика — на пример, при идентификација на тела по природни катастрофи. Наборите на прстите, слично како отпечатоците, се уште еден уникатен образец што нè дефинира.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *