Откриена е најголемата експлозија досега во историјата на универзумот

Мислам дека е фер да се каже дека повеќето од нас се прилично зафатени со своите животи така што кога ќе се случи нешто големо, несомнено сметаме дека тоа е најголемата работа во универзумот во тој даден момент. Но, што ако научниците ја открија вистинската најголема експлозија во историјата на универзумот?

Огромнниот „неред“ беше ослободен од супермасивна црна дупка во галаксијата Офихус, сместена околу 400 милиони светлосни години од Земјата, според извештајот објавен во „Астрофизичкиот журнал“.

Коавтор на студијата, Мелани Џонстон-Холит, астрофизичар во Институтот за радио астрономија Куртин, во извештајот рече: „Сме виделе експлозии во центрите на галаксиите, но ова е навистина, навистина масивно. И не знаеме зошто е толку голема.“

Експлозијата на Офихус била пет пати поголема од претходниот рекордер на најголемиот испад на универзумот во кластерот познат како МС 0735 + 74. Но, за разлика од големата експлозија „Биг Бенг“, која го создала универзумот во кој се наоѓаме, оваа експлозија бавно горела и растела милиони години.