Откриена е огромна црна дупка која „не би требало“ да постои

Научниците открија огромна црна дупка која „не треба да постои“ и не, не зборуваме за онаа во нашите паричници откако ќе започнат новогодишните празници. Ако мислите дека дупката во паричникот е голема, тогаш подгответе се за црна дупка со маса 70 пати поголема од Сонцето.

Научниците до сега веруваа дека масата на поединечна црна дупка во нашата галаксија не може да биде 20 пати поголема од Сонцето.

Откривањето на огромната црна дупка именувана ЛБ-1 од кинескиот тим ја собори таа претпоставка. Професорот Џифенг Лиу кој го води тимот на Кинеската академија на науките, во изјава вели: „Црните дупки со таква маса не треба ниту да постојат во нашата Галаксија, според повеќето тековни модели на ѕвездена еволуција.“

„Сметавме дека многу масивни sвезди со хемиски состав типичен за нашата Галаксија мора да пролеваат поголем дел од нивниот гас во моќни ѕвездени ветрови, бидејќи се приближуваат до крајот на животот. Затоа, тие не треба да остават зад себе таков огромен остаток. ЛБ-1 е двојно помасовен од она што го мислевме дека е можно. Сега теоретичарите ќе треба да го преземат предизвикот да го објаснат неговото формирање.“, додава Лиу.

LB-1 се наоѓа на 15,000 светлосни години од Земјата и истражувачите ја споредија потрагата по неа како „барање на игла во сено“. Истражувачите објаснуваат дека до пред неколку години црните дупки можеле да се забележат само кога земале гас од ѕвездата придружничка. Овој процес создава моќна емисија на Х-зраци, која може да се забележи на Земјата доколку секако се бара на вистинското место.

По првичното откритие, најголемите оптички телескопи во светот (10,4 метрскиот во Шпанија Гран Телескопио Канарија и 10-метарскиот Кек И во САД) биле користени за да се утврдат физичките параметри на системот. Откриле дека ѕвезда осум пати потешка од Сонцето орбитира околу црна дупка 70 пати поголема од масата на нашето Сонце на секои 79 дена.