Откриени златни монети од легендарниот брод Сан Хосе – вредноста достигнува неверојатни 17 милијарди долари

Истражувачи открија стотици години стари златни монети на дното на Карипското Море, за кои се верува дека припаѓаат на потонатиот шпански брод Сан Хосе – легендарен галион што превезувал огромно богатство од Јужна Америка кон Шпанија.

Во најновата студија се наведува дека монетите биле пронајдени на длабочина од 600 метри, расфрлани по морското дно. Тие се познати како „cobs“ – грубо изработени, но вредни златни парички, од кои многу носат печат „L“, што укажува дека биле ковани во Лима во 1707 година. Врз основа на овие ознаки, научниците сметаат дека токму Сан Хосе е единствениот брод кој одговара на овие карактеристики.

 

Откриени златни монети од легендарниот брод Сан Хосе – вредноста достигнува неверојатни 17 милијарди долари

Кому му припаѓа богатството?

Сан Хосе бил потопен на 8 јуни 1708 година од страна на британската кралска морнарица, во текот на Војната за шпанското наследство. Бродот пренесувал околу 200 тони злато, сребро и скапоцени камења кога му била погодена залихата со барут, што довело до експлозија и тонење. Поради богатството што го носел, многумина го нарекуваат „светиот грал на потонатите бродови“.

Иако локацијата на потонатиот брод била откриена уште во 2015 година, колумбиските власти ја држеле во тајност за да спречат грабежи. Но, сега повторно се отвора прашањето — кому му припаѓа богатството? Sea Search Armada тврди дека тие први ја пронашле локацијата уште во 1980-тите и побарале дел од добивката. Меѓутоа, американски суд одлучи дека бродот и богатството му припаѓаат на Колумбија.

 

Кому му припаѓа богатството?

Прво да се стигне до богатството, па потоа ќе се одлучува чиво е

Во исто време, Шпанија тврди дека Сан Хосе е нејзина државна сопственост, додека народот К’ара К’ара од Боливија инсистира дека имаат право на богатството бидејќи нивните предци ги ваделе рудите од кои се направени златните резерви.

Прво да се стигне до богатството, па потоа ќе се одлучува чиво е

Заради големата длабочина, нуркачите не можат да ја посетат локацијата, па се користат роботизирани подводни возила за истражување и дигитална реконструкција. Наместо веднаш да се извади богатството, истражувачите ќе продолжат со детално проучување на едно од највредните потонати богатства во историјата.

Иако мистеријата делумно е решена, најголемата дилема останува – кој навистина ќе го добие богатството кога конечно ќе биде извадено?

  • Гордана Аџи-Спиркоска напиша:

    Формално правно на државата под чиј територијален интегритет е територијалното море а на наоѓаат му следува награда согласно законот.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *