Откриено: Клучниот атрибут што ве прави ПОАТРАКТИВНИ – а тоа не е хуморот или интелигенцијата
Без разлика дали се работи за ажурирање на вашата гардероба или избор за нова фризура, многу луѓе ќе се обидат сè за да изгледаат попривлечно. Но, една нова студија сугерира дека вашата физичка убавина е всушност поврзана со еден клучен атрибут.
Хуморот или интелигенцијата може да бидат првите два атрибути што ќе ви паднат на ум. Меѓутоа, истражувачите од Универзитетот во Тел Авив велат дека всушност сè се сведува на добрината односно љубезноста, позната и како просоцијалност.
„Просоцијалноста, поради нејзината клучна улога во меѓучовечките односи, уникатно влијае на проценките на физичката привлечност“, рече тимот. Претходните студии открија голем број фактори кои влијаат на вашата физичка убавина.
Ова вклучува симетрија на лицето, флертување и самодоверба. Сепак, до сега, влијанието на љубезноста врз физичката убавина беше главно неистражено.
„Во општество кое го цени изгледот, важно е разбирањето на факторите кои влијаат на проценката на убавината“, напишаа истражувачите, предводени од д-р Наталија Кононов, во нивната студија објавена во Британскиот весник за социјална психологија.
„Испитуваме како просоцијалноста – дефинирана како дејствија што им користат на другите, како соработка и љубезност – влијае на проценката на убавината“.
Во нивната нова студија, истражувачите спроведоа серија експерименти во кои беа вклучени вкупно 4.192 учесници. На учесниците им беа претставени фотографии од пасош на насмеани мажи или жени, заедно со нивни описи. Описите вклучуваа различни атрибути, како што се работа во народна кујна (што покажува дека личноста е љубезна), хумор и интелигенција.
Откако учесниците ги видоа сликите и описите, потоа беа замолени да оценат колку мислат дека се привлечни луѓето на фотографиите. Резултатите откриле дека во сите 10 експерименти, просоцијалните луѓе биле оценети како физички поубави.
Изненадувачки, истражувачите исто така откриле дека просоцијалноста има поголем ефект врз убавината отколку хуморот или интелигенцијата.
„Иако другите особини на личноста имаат свои заслуги, оваа студија покажува дека просоцијалноста значително влијае на проценките на убавината повеќе од другите позитивни особини како хуморот или интелигенцијата“, објасни тимот.
Генерално, истражувачите се надеваат дека наодите ќе ја истакнат „уникатната и централна улога“ на просоцијалноста во обликувањето на вашиот физички изглед.
„На индивидуално ниво, ангажирањето во љубезни и корисни дејства би можело да поттикне поповолна проценка на нечиј изглед“, заклучија тие.
Коментирај анонимно