Откријте го трикот за совршено печени моркови: Едноставен совет што ќе ја промени вечерата засекогаш
Морковите се едни од најчестите зеленчуци кои ги сервираме со вечерата, но кога се само варени, нивниот вкус знае да биде безличен. Варењето е брзо, но често ги прави морковите водени, им го одзема природниот вкус и дел од витамините поминуваат во водата. Но, готвачката Жанин Донофрио, креаторка на „Love and Lemons“, открива како со еден едноставен трик и малку мед, ќе почнете секојдневно да посакувате печени моркови.

Жанин објаснува: „Според мене, печените моркови се идеален зеленчук. Лесни се за подготовка, а имаат фантастичен вкус. Жешката рерна го истакнува природниот шеќер во морковите, правејќи ги меки и сочни, со благо крцкави и карамелизирани рабови.“
Тајната состојка – малку мед за совршен сјај и вкусна карамела
„Покрај маслиново масло, сол и бибер кои секогаш ги ставам на печен зеленчук, овде додавам и малку мед. Тој помага морковите да добијат боја и карамелизација додека се печат” – вели таа.
Печените моркови имаат далеку поубава структура – светната површина и бронзената боја ги прават неодоливи, за разлика од водените и бледи резултати добиени со варење.
Печењето ги суши морковите и го нагласува природниот шеќер, кој се карамелизира. Медот создава глазура и дополнително го збогатува вкусот. Вака подготвените моркови се совршени, а се подготвуваат брзо.
Што ви е потребно за да подготвите печени моркови со мед
Состојки:
– Моркови
– Маслиново масло
– Мед
– Сол
– Бибер
– Магдонос (за декорација)
Загрејте ја рерната на 220°C и ставете хартија за печење врз плехот. Исечете ги морковите на парчиња од по 5 см и ставете ги во голем сад. Додадете го маслиновото масло, медот, солта и биберот. Измешајте се добро додека морковите целосно не се покријат со смесата. Наредете ги морковите во еден слој на плехот. Печете 15-25 минути додека не омекнат и не добијат златно-кафеава боја. Финално, извадете ги, посипете со магдонос и сервирајте!

Auuu mi se razligai gazot nesto I mnogu me cesa…
Коментирај анонимно