Откривање на мистеријата за „сирената на Фиџи“: Скенирањето потврди дека бизарното суштество откриено во Јапонија е дел риба, дел мајмун, а дел рептил

Невообичаена „сирена“ која се чини дека е делумно риба, делумно мајмун и еден дел рептил, е истражувана од научниците во обид да ги откријат нејзините мистерии. Мумијата била вратена од Јапонија од страна на американски морнар и донирана на историското друштво на округот Кларк во Спрингфилд, Охајо, во 1906 година.

 

 

 

Со гримасирано лице, чудни заби, преголеми канџи, долна половина налик на риба и сива коса, со децении им дава на посетителите на музејот морници по телото. Но, сега нејзините тајни може да се откријат, откако таканаречената сирена беше снимена со рендген и за прв пат скенирана во обид да се дешифрира нејзината вистинска природа.

Џозеф Крес, радиолог од Универзитетот Северен Кентаки, рече: „Изгледа дека е микс од  најмалку три различни видови. Има глава и торзо на мајмун, рацете се чини дека се на водоземец речиси како алигатор, крокодил или некој вид гуштер. И потоа е опашката на риба – повторно од непознат вид“.

 

 

 

 

Барнум, чиј живот го инспирираше блокбастерот „Најголемиот шоумен“ од 2017 година, изложи сличен примерок во неговиот Американски музеј во Њујорк пред да изгори во 1865 година. Во самата Јапонија, некои легенди велат дека сирените му даваат бесмртност на оној што го вкусува нивното месо.

Во еден храм во Асакучи, всушност била обожувана сирена од Фиџи – иако подоцна било откриено дека е направена од ткаенина, хартија и памук, украсена со лушпи од риба и животински влакна. Меѓутоа, во САД, таквите сирени беа куриозитети.

 

 

 

„Фиџи сирените беа дел од колекциите и придружните шоуа во доцните 1800-ти“, рече Фриц.
„Слушнавме некои приказни од луѓето во заедницата. Некои се сеќаваат дека ги виделе изложени во Меморијалната сала, домот на историското друштво од 1926 до 1986 година.
Една жена, чиј татко бил куратор во 1970-тите, се сеќава дека „ја исплашила до смрт“ кога го посетила татко и на работа“.

Фриц додаде дека мумијата може да потекнува од 1870-тите, кога записите покажале дека оригиналниот донатор служел во американската морнарица.

Д-р Крес рече дека КТ скенирањето ќе им овозможи да одберат „парчиња“ од артефактот и се надеваат дека ќе утврдат дали некој дел од неа некогаш бил вистинско животно.

 

 

 

„Значи, тоа го правиме на сите делови на оваа сирена на Фиџи, не само на главата и лицето, туку и на торакалниот регион, а потоа и на крајот на опашката“.

Податоците ќе бидат испратени до експертите во зоолошката градина во Синсинати и аквариумот во Њупорт за да се идентификува сирената.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *