Ова 2-годишно девојче е единствена личност во светот со ретката болест „Бенџамин Батон“

Малата Исла Килпатрик е навистина уникатна бидејќи живее со состојба која е толку ретка, што таа е единствената личност во светот која ја има.

2-годишното девојче страда од мандибулоакралната дисплазија – исто така позната како „Бенџамин Батон болест“ бидејќи предизвикува брзо стареење на клетките.

Но, лекарите останале збунети кога резултатите од тестовите покажале мутација на нејзините гени што порано не биле видени. Родителите Стејси (33) и Кајл (36) останале шокирани откако им кажале консултантите „да почнат да гуглаат“ бидејќи не можеле да им кажат што точно не е во ред со нивната ќерка.

Двојката сега се соочува со дневна битка да се грижи за Исла, која се соочува со неизвесна иднина поради срцева состојба и многу тесни дишни патишта, кои предизвикуваат тешкотии во дишењето. Таа тежи само 6 килограми и дури допрва сега почнала да лази, а нејзината главна форма на комуникација е знаковниот јазик Макатон.

На родителите исто така им било кажано да очекуваат промени во изгледот бидејчи клетките брзо стареат и малата Исла ќе изгледа како старица. И покрај нејзините здравствени проблеми, родителите велат дека таа е среќно девојче кое ужива да се игра со 7-годишната сестричка.

Исла сега има цевка од 2,5 мм низ грлото наречена трахестомија и гастростомија за да и се овозможи да се храни со млеко и мали парчиња храна. Таа не може да плаче, па додека спие посебен монитор ѝ ги следи отчукувањата на срцето и кога ќе се вознемири аларм се вклучува кај нејзините родители.