Ова 5-годишно девојче најде начин како да ги плати ручеците на над 1000 ученици

Кетилин Харди е 5-годишно девојче кое оди во градинка „Бриз Хил“ во Виста, Калифорнија. Таа еден ден слушнала како една од мајките во училиштето разговарала со учителката дека нема доволно пари за да плати за ручекот на своето дете. Кети отишла дома ѝ ја прашала мајка си зошто такво нешто се случува.

Нејзината мајка Карина и објаснила дека некои луѓе „немаат толку среќа“ и дека во такви случаи секогаш треба да сме добродушни и да помагаме. Така девојчето одлучило дека и таа мора да направи нешто во врска со тоа.

Со помош на нејзината мајка Керлин поставила штанд на кој продавала какао и колачиња. Првиот ден таа успеала да собере околу 80 долари и со тие пари ги надмирира долговите за ручек на голем број на нејзини соученици. Сепак кога видела колку добро ѝ тргнало сакала да ги надмири долговите на сите ученици во училиштето во чиј склоп е градинката.

Имало вкупно 1.206 неподмирени сметки за ручек, а Кети сакала да ги плати сите бидејќи не сакала на дечињата да им „кркорат цревата“. Со помош на нејзината мајка, го започнале проектот „#KikisKindnessProject“ и освен што продавала какао и колачиња собирале и пари на интернет од хумани луѓе.

Мајката и ќерката вкупно собрале 15.000 долари и истите ги донирале за да се подмират сите неплатени сметки на учениците, како и да не се укине едукативна училишна програма, затоа што претходно немало средства за неа.