Ова бебенце стана познато затоа што се роди „луто“, но и приказната за неговото доаѓање на светот е необична
Кога се родила малата Винтер Џозефин секој што ја видел прокоментирал: „Изгледа толку луто“ и искрено биле во право затоа што таа навистина била намуртено новороденче. Нејзината мајка Холи Волис вели дека кога ја видела си помислила дека низ главата на нејзиното малечко шетаат мисли од типот: „Ми беше навистина удобно таму, зошто ме извадивте?“
Но, сепак необичната експресија на лицето на Винтер насмеја многу луѓе низ светот, а особено нејзината мајка која поминала низ пеколот додека да ја донесе Винтер на овој свет.
Бременоста со Винтер била пријатно изненадување
Холи Винтерс не можела да поверува на тетсовите за бременост кога покажале дека е бремена. Тоа било затоа што претходната година имала операција да ѝ се отстрани тумор од матката и не се надевала дека повторно ќе забремени. Таа има 2 сина од претходниот брак, но нејзиниот нов сопруг немал деца и бил премногу возбуден од веста.
Лекарите имале лоши вести
Отпрвин, сè помина прилично непречено и бременоста не се разликувала од претходните. Но, кога отишла на ултразвук добила лоши вести, лекарот не можел да открие амнионска течност. Ова било многу загрижувачко затоа што тоа е заштитната течност што служи како перница за растечкиот фетус.
Таа била дијагностицирана со олигохидрамнион, што е состојба кога има ниско ниво на амнионска течност за време на бременоста. На вториот ултразвук, на нејзино олеснување, тие успеале да најдат џебови со течност, а бебето изгледало здраво на мониторот. Таа требала да оди во болница следниот понеделник. Но, кога се разбудила во неделата наутро, се чувствува како нешто да не е во ред и се упатила кон болницата.
Холи завршила во неочекувана итна ситуација
Холи со право му верувала на својот мајчински инстинкт. Лекарите ѝ кажале дека ќе мораат веднаш да ја породат со царски рез. Таа не успеала ниту да се види со својот сопруг туку веднаш ги потпишала документите дека е свесна за последиците од царски рез.
Раѓањето на Винтер било чудо
Винтер била многу мало бебе иако се родила по предвидениот датум на раѓање. Сепак таа ги изненадила сите роднини и пријатели со намуртеното лице кое изгледало како да сака да ја остават намира.
Бебињата родени со толку малку амнионска течност се изложени на ризик од инвалидност по раѓањето, дури и со физиотерапија. Некои бебиња дури и не преживуваат, а на некои не им се развиваат белите дробови. Но Винтер е вистински борец! Таа преживеа и можеби и затоа имала таков израз на лицето.
Винтер е здраво и „понекогаш“ весело дете, кое ги радува сите околу неа!