Ова британско семејство потрошило 140.000 фунти за 2 години на градење сопствен авион

Ашок Алисерил (38), неговата сопруга Абилаша Дубеј (35), Тара (6) и Дија (3) едвај го чекаат својот прв лет откако го завршија семејниот проект вреден 1.500 работни часа и 140.000 фунти.

Таткото, кој поседува пилотска дозвола, рече: „Тоа е како нова играчка, само многу повозбудливо“.

Мајката изјави: „Ашок работеше толку напорно во последните две години и сега нашиот сон конечно се оствари.
Почнавме да штедиме пари за време на првото заклучување и знаевме дека отсекогаш сакаме да имаме сопствен авион и заштедивме многу пари во првите неколку месеци, па решивме да го пробаме.
Девојките едвај чекаат да се вивант во воздух, летаа само неколку пати, но никогаш со татко им како пилот, па јас сум навистина возбудена затоа што ќе дознаат како е тоа“.

Семејството се надева дека ќе го направи првиот лет со авион во наредните месеци.