Ова чаламџиско видео споделено на Инстaгрaм, каде фраерот пие цела наќ па вози 202 км/час го стави зад решетки

Во Марбела, Шпанија, еден 21-годишник е приведен откако сподели видео како вози со својот автомобил со брзина од 202 км на час, во област каде што ограничувањето на брзината е 80 км на час. Прекршувањето беше идентификувано преку Инстaгрaм профилот на младиот човек, кој споделил неколку моменти од веселата предновогодишна ноќ, вклучително и моментот кога крева 202 км/час.

Полицијата добила неколку пријави и по гледањето на видеото лесно го лоцирала сторителот, кој бил приведен. Тој подоцна бил изведен пред лицето на правдата за сторено кривично дело против безбедноста на патиштата.