Ова е баба Маргарита, 84-годишната шпанска шивачка, која секој ден шие по 50 маски и ги донира во болниците

Секој човек да беше барем малку хуман и несебичен како оваа баба, вирусот одамна ќе го снемаше.

Маргарита Гил Баро (84) започнала да работи како шивачка уште на 10 годишна возраст. Таа дома имала доста бела, памучна ткаенина и започнала да шие маски.

„Кога видов на телевизија дека лекарите, медицинските сестри и многу други се наоѓаат во болници, без маски, а јас тука имам многу слободно време и знам како да ги шијам, си реков: ‘Ајде’“, рече бабата во интервју за еден весник.