Ова е дефинитивно најголемиот кошмар за еден продавач на луксузни автомобили

Што е најголемиот кошмар за еден продавач на автомобили? Ако не прашувате нас, најверјатно би било тоа да му го украдат автомобилот кој го продава пред нос.

Додека ја покажувал луксузната корвета, овој продавач се соочил томку со ваков кошмар откако клиентот одлучил да ја заклучи вратата од автомобилот и да исчезне.

Добрата вест е што автомобилот брзо бил вратен во изложбениот салон на Шевролет во Вирџинија, САД. Изгледа дека потенцијалниот „купувач“ возел низ неколку населби и потоа се откажал, оставајќи го автомобилот покрај патот.

 

Corvette C8 е еден од најбараните нови автомобили на американскиот пазар. И покрај високата цена, списоците на чекање стануваат се` подолги, и сите оние со подлабок џеб се обидуваат да се најдат на листата.