Ова е кинеска фарма за лебарки, која изгледа како најлошиот кошмар

Во оваа фарма живеат над 1 милијарда лебарки. Тоа е профитабилен бизнис бидејќи лебарките многу се барани во козметиката и локалната кинеска медицина. И доколку темното и влажно место не ви предизвикува морници, тогаш мирисот и звукот кој го прават овие инсекти ќе ви ја крене косата во вертикала.