Ова е Македонецот која успеа да ја извози цела Америка со велосипед
Кога ќе кажеме „нѐ има насекаде“ навистина го мислиме тоа и само за тоа кој каде живее во светот, туку и во какви манифестации и настани учестуваме. Еден Македонец ја претстави Македонија во одлично светло на трка со велосипед низ САД, ТрансАм по „Транс Америка рута” (Trans Am Bike Race 2021) со растојание од 6920 километри.

43-годишниот Игор Талевски, кој е член на Шри Чинмој Маратон Тим – Скопје, заврши на 6-тото место од вкупно 42 учесници. Игор поминал низ 10 држави, од западно до источно крајбрежје на САД и она што е фасцинантно е фактот дека тоа го направил без поддршка на тим.

Велосипедистите не смееле да прифаќаат никаква помош поединечно од случајните минувачи и поддржувачи, а Игор целата трка ја завршил за 21 ден и во просек возел околу 320 километри на ден што го довело до 6-тото место.

Иако тој со велосипедизам почнал да се занимава пред само три години, со негова поголема трка во Хрватска од 1.500 километри, сепак спортувањето не му е непознато на Игор. Тој од 1998 година се занимава со алпинизам.

Игор со себе морал да носи сѐ што ќе му биде потребно за трката, затоа што зависел само од себе. Велосипедот и работите кои ги носел со себе како храна, вода, вреќа за спиење, облека, тежеле околу 20-тина килограми.

За вакво нешто освен физичка потребна ви е и ментална подготвеност, затоа што не секој може да се нафати на ваков подвиг. Секоја чест за Игор и неговото достигнување, да се надеваме дека наредната година неговите успеси ќе станат уште поголеми.




