Ова е матурското видео на учениците од СОУ „Јосип Броз – Тито“ од Битола, во време кога сите матурски прослави се откажани!

Во време кога сите матурски прослави се откажани заради пандемијата предизвикана од коронавирусот, Матурантите од СОУ „Јосип Броз – Тито“ од Битола ја покажаа својата креативност преку едно интересно видео, кое ќе ја одбележи нивната матура. Тие предизвикани од битолската продукција Дрим Каст, во домашни услови снимаа видео со своите мобилни, каде задача им беше да кажат по еден збор кој случајно ќе им текне на памет.

Матурантите иако сами се снимаа до самиот крај не знаеа што ги очекува. Дрим Каст во соработка со Гимел студио од Битола, ги искористија нивните видеа за да создатат кавер на популарната песна од Billie Eilish – Bad Guy. Освен зборови, матурантите снимаа и звуци од секакви предмети што им беа на дофат, а со тоа се дополни и аранжманот на самата песна.

И како што објавувајќи го ова видео напишаа од Дрим Каст продукција „Покрај ситуацијата со коронавирусот, во домашни услови, успеавме да снимиме една „наша“ песна која со случајно нафрлени зборови снимени во кратки видеа со мобилен телефон, малку „Cubase“ и малку „Adobe Premiere“ звучи вака:“

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.