ОВА Е МОЈАТА МИСИЈА: Украински ветеринар и мајка на две деца остана во Украина за да спасува миленичиња

Марија Микитиук (36) е мајка на две деца и ветеринарна болничарка која избра да остане во Украина за да спасува стотици домашни миленици.
Нејзиниот сопругот кој по професија е ИТ – програмер се приклучил на украинската војска, а нивните деца биле испратени кај пријатели во Австралија.
Па зошто 36 годишната мајка избрала да остане? -„Затоа што ова е мојата мисија“ , одговара таа.
„Беше ужасно, животните плачат и шетаат апсолутно осамени и изгубени.“

Марија живее во градот Буча, на периферијата на украинскиот главен град Киев. Пред војската на Владимир Путин да навлезе во Буча на 27 февруари, повеќето од вкупната бројка од 35.000 жители избегале, а многумина оставиле миленици зад себе.

„Под руска окупација, соседите кои одеа на џогирање или излегуваа во кафулињата беа заменети со заканувачки војници кои патролираат по приградските улици.“ – вели Марија. Па така вооружена со чекан од кутијата со алати на нејзиниот сопруг и носејќи вреќа со храна за да ги намами преплашените и повредени кучиња, Марија, почнала да ги пребарува улиците на Буча и напуштените куќи за домашни миленици. Таа брзо научила како да ги отстранува куршумите од кучињата и мачките. „Луѓето ми носеа по пет повредени кучиња секој ден, но ниту едно не умре“, вели таа гордо.
За време на кошмарните 33 дена, колку што траела опсадата на Буча, температурите паднале и снемало храна. Марија направила супа од храна за кучиња и кога било -10 целзиусови ноќе, кучињата ја грушкале и се загревале „Јас ги спасив, но за возврат тие ме спасија мене“. Во еден момент таа се грижела за 120 кучиња и мачки.

Но и самата Марија била блиску до смртта. Нејзините активности го привлекле вниманието на окупаторите на Буча, кои во четири наврати упаднале во нејзината куќа. Првиот пат тие пробиле низ влезната врата за да го најдат нејзиниот сопруг. . Марија го плукнала војникот и во тој момент мислела дека тоа е крајот, кога војникот ја турнал неговата пушка во нејзиното рамо. Но за среќа тие само ја пребарале куќата и одлучиле да заминат.

Кога Украина ја вратила контролата над Буча и многу од соседите се вратиле, тие и биле бескрајно благодарни на Марија. „Ме нарекуваат херој, но не сум сигурна. Јас само си ја работам работата, а освен тоа, мислам дека животните беа тие што ме спасија“. – вели Марија.