Ова е моментот кој верното куче го чекаше цела недела, пред вратата на болницата

Е затоа некои луѓе толку многу ги сакаат кучињата. Затоа што ваква безусловна љубов добиваш само од најблиското семејство.

Верното милениче Бончук трчало по брзата помош што го одвела нејзиниот сопственик Кемал Сентурк во болница во турскиот град Трабзон, уште на 14 јануари. Лојалното куче од тогаш секој ден доаѓало пред вратите на болницата. Ќерката на г-дин Сентурк, Ајнур Егели, рече дека ќе го однесела Бончук дома, но кучето постојано ќе избегало и ќе се вратело во болницата. Чуварот на болницата Мухамет Акдениз изјави: „Таа доаѓа секој ден околу 9 часот и чека до ноќта. Таа не влегува внатре. Кога ќе се отвори вратата, таа ја пика главата внатре со надеж дека ќе го види г-дин Сентурк.“